Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема во италијанските медиуми поради неговата изјава по натпреварот против Монца.
Мурињо кажа дека судијата Кифи бил најлош во неговата тренерска кариера, а за тоа доби и одговор од судијата, но ризикува и казна од Фудбалската федерација на Италија.
Тренерот на Рома во меѓувреме откри дека за време на целиот натпревар носел микрофон и ја снимал комуникацијата со сите околу него.
„Не сум глупав и затоа излегов на терен со микрофон. Имам сè снимено од напуштање на соблекувалната, морам да се заштитам“, кажа Мурињо.