Мурињо: Осимен е одличен фудбалер, но многу симулира!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо кажа дека Галатасарај направил одличен потег со ангажирањето на Виктор Осимен.

Мурињо вели дека Осимен е одличен фудбалер, но главен проблем кај него е тоа што премногу симулира.

„Осимен е фантастичен фудбалер. Ако бев дел од клуб кој можеше да плати 70-75 милиони евра, тогаш сигурно ќе го купев. Немам никаков проблем со Виктор, но сметам дека премногу симулира“, кажа Мурињо.