Мурињо остро ја нападна Премиерлигата, а познато е и зошто!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно е лут поради можното одложување на премиерлигашиот меч против Астон вила следната недела.

Клубот од Бирмингем си има мака со ковид-19, поради што вечерва против Ливерпул ќе игра во ФА-купот со младинци.

Мурињо пред Нова година беше нервозен поради одлуката за откажување на мечот против Фулам, зашто се чекаше до самиот почеток пред да се соопшти дека натпреварот е откажан.

„Ние не може да бидеме казнети. Не е на мене да наоѓам решенија“, порача Мурињо и додаде дка Тотенхем би можел да одбие да игра на теренот.