Мурињо откачи екипа од С. Арабија и замина во Барселона (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Жозе Мурињо не планира да се пресели во Ал Шабаб, иако имаше шпекулации дека ќе се случи такво нешто по неговиот отказ од Рома.

Италијанските медиуми пишуваа дека Мурињо водел преговори и постигнал соработка со Ал Шабаб, но денеска Фабрицио Романо објави дека тоа не е вистина.

Романо објави дека Мурињо не прифатил понуда од Ал Шабаб и заминал за Барселона, но засега не е позната причината за неговата посета.

Во изминатите денови се шпекулираше дека Мурињо би можел да ја преземе и Барселона.