Мурињо откри како успеал да го победи Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома со 1-0 славеше против Јувентус во дербито од Серија А, па така остана во трка за топ-4 позициите кои водат во Лигата на шампиони.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е среќен по победата против големиот ривал, а по натпреварот кажа како неговиот тим стигнал до бодовите.

„Не сме најдобриот тим во светот и затоа мора да дадеме сè од себе. Вечерва победивме со нашиот карактер, а не со нашата тактика. Тешко е да се игра против Јувентус кој е силен. Добро се браневме и Руи Патрисио беше неверојатен на голот“, кажа Мурињо.

Рома во моментов е на четврта позиција со 47 бодови, додека Јувентус е осмопласиран со 35 бода.