Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо во интервју за англиските медиуми откри на која позиција сака да го засили својот тим во преостанатиот дел од преодниот рок.
Мурињо изјави дека е убеден дека во клубот до крајот на преодниот рок ќе пристигне нов напаѓач како поддршка за Хари Кејн.
„Сакам и ми треба напаѓач. Сакам да разјаснам дека клубот многу добро знае дека ми треба напаѓач, а знам дека и тие сакаат да донесат напаѓач.
Дали ние ќе донесеме напаѓач? Верувам, искрено верувам во тоа. На тимот му е потребен за баланс во тимот“ –изјави Мурињо.