Мурињо по повредата на Сон: Повредата ни ги скрши срцата… (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем утре на домашен терен игра против Лајпциг во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони, а пред дуелот Жозе Мурињо доби катастрофални вести затоа што нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери Сон Хеунг-Мин.

Ова се многу лоши вести за Тотенхем, со оглед на тоа дека Сон беше во одлична форма, па сигурно тимот на Мурињо ќе биде ослабен, но и покрај тоа се фаворити против Лајпциг.

Мурињо на официјалната страна на Тотенхем кажа дека повредата на Сон пристигнала во најлош можен момент, но порача дека неговиот тим нема да се откаже.

„Срцата ни беа скршени, но сигурно ќе се вратиме. Дали ќе се откажеме или ќе се бориме? Секако дека ќе се бориме!“, порача Мурињо.