Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Жозе Мурињо во текот на вчерашниот ден го презеде тимот на Тотенхем потпишувајќи договор со клубот до 2023 година.
За Португалецот ова е трет клуб кој ќе го води во Премиер лигата, а тој самиот призна дека добил 50 пораки од луѓето во Манчестер Јунајтед кои му посакале се најдобро во иднина.
„Вчера добив 50 пораки од Манчестер Јунајтед, од играчите, пресоналот, управата, и тоа многу ми значи. Тоа зборува за почитта која ја имаат луѓето таму. Манчестер Јунајтед го окупираше моето срце дури и со работите во кои не уживав премногу. Но таму премногу ги сакав навивачите и луѓето кои работеа во клубот“ –истакна Мурињо за „БиБиСи“.
За разлика од Манчестер, Мурињо не е добредојден во Челси, клубот во кој оствари историски успеси. Таму тој постојано е дочекуван на нож, а уште е свежо сеќавањето од последниот инцидент со помошникот на тогашниот стратег Маурисио Сари.