Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл се врати во Тотенхем на позајмица, но во последниот период не играше како што се очекува од него.
Бејл блесна дури минатиот викенд против Барнли, кога постигна два гола и една асистенција, па заслужено ја доби наградата за играч на натпреварот.
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо на прес-конференцијата даде одговор зошто на Бејл му било потребно толку многу време за да блесне на теренот.
„Во Реал во последните две години се случуваа многу работи и нив треба да ги прашате зошто Герет блесна дури сега. Ако ви одговорат ќе разберете зошто му требаше толку време. Можеби и јас бев трпелив за да дојде на нивото на кое игра во последните две недели“, кажа Мурињо.