Мурињо реши да го промени прекарот: „Специјалниот“ повеќе не е во мода!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Контроверзниот португалски тренер Жозе Мурињо си даде нов прекар на себе. Тој првиот прекар го доби во 2004 година при преселбата од Порто во Челси, кога на прес-конференција така се нарече, зашто со Порто ја освои Лига Европа и Лига на шампиони.

Подоцна беше на клупата на Интер, Реал Мадрид, Челси, Манчестер јунајтед и сега го предводи Тотенхем, а сега реши да си даде нов прекар.

„Може да ме викате Искусниот, сега сум многу поискусен“, кажа Мурињо на прес-конференцијата кога го прашаа како би се нарекол во моментов.