Мурињо сака соиграч на Елмас: Ѕвезда на Наполи доаѓа во Лондон


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е заинтересиран за ѕвезда на Наполи. Португалецот веќе некое време бара напаѓач за  премиерлигашот, па изборот паднал на Аркадиуш Милик.

Полскиот фудбалер не сака да го продолжи договорот со калчолигашот во чии редови стигна во 2016 година, па сега сака трансфер во друг клуб.

Тотенхем бара замена за Хари Кејн од две причини. Прва е таа што напаѓачот често е повреден, а втора е тоа што англискиот фудбалер би можел да го напушти клубот следното лето.

Цената на Милик во моментов изнесува 40 милиони евра. Тој има 26 години и сезонава постигна 12 голови во 22 настапи.

Во текот на кариерата настапуваше уште за Ајакс, Баер Леверкузен, Аугсбург…