Мурињо се одлучи: Одличен Португалец стигнува на Олд Трафорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед очекувано новата сезона ја започна со триумф. Бурнмут не беше достоен ривал, и Жозе Мурињо ја запиша и втората официјална победа на клупата на славниот клуб.

Засилувањата одлично се вклопија, Златан Ибрахимовиќ на дебито во Премиер лигата постигна погодок, додека Ерик Бејли веќе во првиот настап покажа дека е големо засилување.

Тој во саботата ја доби наградата за играч на натпреварот против Бурнмут, а Мурињо сега бара негов партнер.

Се споменуваа Леонардо Бонучи и Рафаел Варан, но се чини дека конечниот избор падна на заборавениот негов сонародник Хосе Фонте.

Фонте има 32 години, стандарден член на репрезентацијата која го освои ЕП во Франција, а моментално игра во Саутемптон.

Веќе шест сезони е во Саумтептон, а на Островот е од 2007 година кога стигна во Кристал Палас од Бенфика.

Англиските медиуми сметаат дека оштетата треба да изнесува околу скромни 10 милиони евра.