Мурињо со една изјава го „затресе“ Рим (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер го освои петтиот трофеј во европските натпреварувања, и тоа во пет финалиња во кои ги водеше своите тимови.

Мурињо двапати ја освои Лигата на шампиони, еднаш УЕФА Купот, еднаш Лига Европа, а сега и Конференциската лига.

Португалецот не го криеше задоволството по натпреварот, а неговата изјава го „затресе“ Рим и ги израдува навивачите на Рома, кои конечно го дочекаа првиот европски трофеј во историјата.

„Ќе ја одбијам секоја понуда која ќе дојде. Останувам во Рома. Знам дека секогаш има шпекулации, но да знаете дека ќе останам во Рим и не постои никаков сомнеж. Вечерва испишавме историја“, кажа Мурињо.