Мурињо со една изјава поврзана со Кејн ги израдува навивачите на Тотенхем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми објавија дека Премиер лигата веројанто ќе продолжи на 8 јуни откако сите клубови се согласиле да се продолжи сезоната.

Многумина од фудбалерите кои беа повредени и се очекуваше да отсуствуваат и до крајот на сезоната сега ќе имаат можност да им помогнат на своите клубови.

Таков е случајот и со најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн кој според Мурињо се опоравил од повредата. Освен Кејн, заздравиле и Муса Сисоко и Стивен Бергвијн кои исто така беа повредени.

„Тие заздравеа од повредите, но ќе видиме во каква состојба се кога ќе почнеме да тренираме. Чекаме дозвола за да почнат тренинзите во помали групи, па ќе видиме колку време ќе им треба да се вратат во натпреварувачка форма“ –порача Мурињо.