Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома одигра 0-0 против Џенова во натпреварот од 24. коло во италијанската Серија А, но тренерот Жозе Мурињо не беше задоволен поради поништениот гол на Заниоло во последните минути од дуелот.
Португалскиот стратег кажа дека неговиот тим повторно бил жртва и оштетен од страна на ВАР-технологијата.
„Џенова се бори за опстанок, а до бод стигна со грда игра. Тешко е да се игра со тимови кои се бранат постојано. Пробавме да промениме некои работи, но не успеавме. За голот не знам што да кажам. Ако тоа беше прекршок, тогаш ова не е фудбал. Треба да му смислиме ново име, зашто ова е нов спорт“, кажа Мурињо.
Рома со ремито против Џенова испушти можност да се приклучи во трката за топ-4 позициите во Серија А.