Мурињо тргнува по шокантен потпис на фудбалер на Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неколку медиуми на Островот пренесуваат дека Жозе Мурињо е подготвен да испрати понуда за фудбалер на Манчестер Јунајтед кој го тренираше додека беше тренер на овој клуб.

Португалецот ќе остане без Деле Али, а него сака да го замени верувале или не со Џеси Лингард од Манчестер Јунајтед.

Роб Досон, новинарот на „ЕСПН“ пренесува дека Мурињо сака повторно да работи со Лингард и побарал од Даниел Леви да ја разгледа можноста да го ангажира фудбалерот кој често е мета на критики и потсмев на социјалните мрежи.

Трансферот на Лингард во Северен Лондон ќе зависи исклучиво од тоа дали Деле Али ќе остане во клубот.

Истиот новинар пренесува дека за Лингард постои интерес и од тимот на руски Зенит.