Мурињо: Венгер беше последен од тој вид, денес се многу различни работите за разлика од минатото!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека не е можно еден човек да биде тренер во ист клуб во многу долг период од повеќе од 20 години, како што тоа беше со Алекс Фергусон и Арсен Венгер.

Мурињо го наследи Маурицио Покетино во Тотенхем, а сега и Унај Емери доби отказ од Арсенал по 18 месеци.

„20 години во клуб? Тоа не е можно. Модерен живот, нова технологија, социјални мрежи – тоа има влијание врз луѓето. Многу работи се менуваат, не само во фудбалот, туку во секојдневниот живот, затоа мислам дека Венгер беше последниот Мохиканец“, порача Мурињо.

Сепак, Мурињо вели дека не размислува колку ќе остане во клуб кога ќе седне на кормилото.