Мурињо во борба против Арсенал – кој ќе стигне прв до дефанзивец вреден 50 милиони фунти?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот на Норвич, Бен Годфри се наоѓа на мета на два лондонски клубови, Арсенал и Тотенхем.

Младиот англиски репреззентативец има 22 години, а се покажа со настапите за Норвич сезонава за кои одигра 18 дуели во Премиерлигата.

Клубот, наводно, поставил цена од 50 милиони фунти што е премногу, но нема да чуди доколку некој тим ја плати таа сума.

Квалитетот на Годфри го забележаа и европските гиганти, па покрај лондонските тимови, интерес за него покажаа и Лион, Борусија Дортмунд и Лајпциг. Според „трансфермаркт“, Годфри вреди „само“ 13 милиони евра, но Норвич не мисли така и поради тоа сака да го извлече максимумот.