Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо коментираше за шпекулациите кои го поврзуваат Карло Анчелоти со напуштање на кормилото на „кралевите“.
Португалецот смета дека Анчелоти ќе остане тренер на „кралскиот клуб“ и во иднина, иако му завршува договорот ова лето.
„Кога имате одличен тренер, зошто би барале нов? Го познавам Флорентино, работата е јасна. Се надевам дека Карло ќе потпише нов договор. Не се сомневам и во неговата желба да остане. Само луд човек може да го напушти Реал Мадрид ако клубот сака да го задржи. А таков луд човек има само еден, тоа сум јас“, кажа Мурињо.