Мурињо во свој стил: Кога ќе имам пет минути, ќе ѕирнам што пишува во Мадрид за Бејл…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа во Лондон го видовме на дело Герет Бејл, но и (не)способноста на англиските судии кога станува збор за ВАР-одлуките.

Сепак, репрезентативецот на Велс му донесе три бодови на Тотенхем по асистенцијата на Серхио Регулион.

Тренерот Жозе Мурињо го пофали херојот Бејл, кој го постигна првиот гол за Тотенхем по седум години пауза, а притоа Португалецот го „пецна“ својот поранешен клуб.

„Кога ќе имам пет минути ќе видам на интернет некои сајтови во Мадрид што пишуваат за Бејл. Тој беше одличен“, вели Португалецот.

Тотенхем сега се фокусира на обврските во Лига Европа, а во четврток ќе се соочат против Лудогорец.