Мурињо војуваше со него во Лондон, а сега го носи во Рома!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо планира да ангажира уште едно засилување кое треба да му помогне во борбата за пласман Лига на шампиони (ЛШ), а станува збор за Ндомбеле од Тотенхем.

Ндомбеле не добива минутажа кај Антонио Конте, а беше отпишан и кај претходниот тренер, додека е познато дека со Мурињо беше во војна.

Французинот има проблеми со дисциплината, па затоа не може да се сложи со ниту еден тренер, а познато е дека Мурињо му ѕвонел во раните утрински часови.

Ндомбеле во Тотенхем стигна во 2019 година за 65 милиони евра, но не ги оправда очекувањата затоа што одигра 89 меча, а постигна 10 голови и девет асистенции.

Французинот, наводно, го следи и Јувентус, па останува да видиме кој ќе го добие неговиот потпис во јануари.