Мурињо за стрелецот на голот против Леверкузен: За сè што е Бове се заслужни неговите родители


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома со голот на 20-годишниот Бове славеше во првиот натпревар против Баер Леверкузен, а тренерот Жозе Мурињо смета дека за неговиот успех се заслужни родителите.

Бове добива минутажа во Рома и го покажува својот квалитет, а Португалецот смета дека домашното воспитување на фудбалерот е причина за неговиот развој.

„Родителите на Бове се заслужни за овој успех, не јас. Тој е културен и професионалец кој се однесува како да има 30 години. Моја работа е да им помогнам на фудбалерите да бидат подобри, но исто знам дека за да бидеш добра личност мора да имаш прекрасно семејство зад себе“, кажа Мурињо.