Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на Рома, Николо Заниоло сака да си замине од калчолигашот, а за неговите услуги се заинтересирани Тотнем, Вест хем и Милан.
Рома бара 40 милиони евра за трансферот на Заниоло, а тоа не им одговара на заинтересираните екипи, па фудбалерот врши притисок врз раковоството за да го пушти.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо призна дека Заниоло сака да си замине, но тоа не значи дека навистина ќе го напушти клубот.
„Заниоло сака да си оди, но тоа не значи дека ќе си замине. Не сум сигурен дека ќе се случи такво нешто. Имам чувство дека ќе биде тука и на 1 февруари. Понудите во моментов не се прифатливи и мора да добиеме понуда која не се одбива“, кажа Мурињо.