Мурињо заплакал само еднаш во кариерата: Седевме во автомобил пред мојата куќа…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе некое време нема фудбал, ниту актуелни вести од фудбалскиот свет, па поради тоа се прават интервјуа со тренери и фудбалери за интереси моменти од нивните кариери.

Едно од нив е на Жозе Мурињо, тренерот на Тотенхем. Португалецот о Лондон за „Марка“ зборуваше непознати детали кои се случиле во неговата кариера.

Мурињо зборуваше за сезоната 2011/12 кога со Реал ја победил Барселона во трката за титулата во Ла Лига, но испаднал од Лигата на шампиони по пеналите со Баерн Минхен.

„Специјалниот“ смета дека Реал тогаш имал најдобар тим во Европа, но среќата не ги посакала, па затоа не го освоија трофејот во елитното натпреварување.

„Ноќта откако бевме елиминирани од Баерн е единствен пат кога заплакав по пораз. Плачев пред мојата куќа во автомобилот. Таа сезона Реал беше најдобар тим во Шпанија и во Европа, поради тоа тешко се прифаќаше поразот од Баерн“, кажа Мурињо.