Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид Жозе Мурињо како стручен консултант жестоко ја критикуваше судењето и примената на ВАР технологијата по победата на Аргентина против Египет со резултат 3:2 во осминафиналето на Светското првенство 2026 година.
Мурињо оцени дека судиите донеле недоследни одлуки и порача дека начинот на кој беше користен ВАР сериозно ја наруши регуларноста на натпреварот.
„Ова е кражба сред бел ден. Срамота е во што се претвора фудбалот. Како можете да дозволите акцијата да продолжи, да се дозволи да биде постигнат гол, а потоа да одлучите да се вратите и да го поништите погодокот? Ако беше фаул, стопирајте ја играта веднаш. Не чекајте голот да биде постигнат“, не штедеше зборови „Посебниот“, а потоа продолжи прилично конкретно.
„Тогаш поставувам уште едно прашање – зошто првиот гол на Аргентина не беше прегледан со иста внимателност кога ситуацијата изгледаше дека беше многу близу офсајд? Зошто секоја спорна ситуација во корист на Аргентина беше детално проверена, додека Египет, чини се, не го имаше истиот третман?“, смета Мурињо.
„ВАР треба да донесе праведност, а не конфузија. Денеска изгледаше како секоја важна одлука да беше донесена во корист на Аргентина. Фудбалот заслужува подобро“, рече Мурињо.
















