Мурињо на прекини на договори доби 102 милилиони евра: Бенфика се заштити со клаузула


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Откриени се деталите од двегодишниот договор кој Жозе Мурињо го потпиша со Бенфика, а во јавноста излезе и клаузула која му овозможува на португалскиот стратег да си замине од клупата на крајот на оваа сезона. Да потсетиме, 62-годишниот Мурињо остана без ангажман откако минатиот месец доби отказ во Фенербахче поради неуспехот во квалификациите за Лигата на шампионите, а неговото доаѓање во Бенфика беше потврдено во четвртокот попладне, пишува „Дејли Мејл“.

Иако Бенфика во соопштението за медиумите наведе дека со Мурињо постигнала договор за “договор за спортско вработување кој ќе важи до крајот на спортската сезона 2026/27”, португалскиот медиум Record открива детал од него. Во него постои излезна клаузула според која “која било страна може да го раскине договорот” во период од 10 дена по завршувањето на актуелната сезона.

Ако соработката не оди според планот, Бенфика во таков случај би платила “значително пониски трошоци” за предвремен раскид. Клаузулата важи и за Мурињо, ако тој одлучи да си замине, треба да и исплати на клубот “еквивалентна сума”.

Мурињо има собрано богатство од раскиди на договори. Само на тој начин на сметка му легнале повеќе од 100 милиони евра.