Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Фенербахче најверојатно и оваа сезона ќе остане со празни раце. Купот и Европа одамна се завршени приказни, додека Галатасарај пред завршницата на сезоната во лигата има пет бодови предност. Во клубот веќе размислуваат за летниот трансфер период и изгледа дека знаат кој е на врвот на листата желби.
Според медиумите од Турција, Жозе Мурињо побарал од Фенербахче ова лето да потпише договор со италијанскиот репрезентативец, Федерико Кјезa, кој во моментов е член на Ливерпул.
Поранешниот тренер на Рома и Интер го стимулира клубот да ангажира повеќе играчи кои можат да покријат повеќе позиции, за да има повеќе алтернативи.
Фoто: Принтскрин