Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Жозе Мурињо ги отфрли медиумските шпекулации кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. На денешната прес-конференција, тренерот на Бенфика истакна дека немало никакви контакти со управата на шпанскиот гигант, објави „SIC Notícias“.
Португалскиот експерт уверува дека до крајот на сезоната и последниот натпревар против Есторил нема да воспостави контакт ни со еден друг клуб. „Немав никакви контакти, ниту со претседателот ниту со било кого од управата на Реал Мадрид. Не разговарам со никого, немаше никакви контакти со Реал“, изјави Мурињо, но потоа значајно додаде:
„Нема да ги има до последниот првенствен натпревар против Есторил.” Португалскиот тренер така не ја исклучи можноста дека по завршувањето на сезоната може да започне преговори за доаѓање во Реал, а шпанските медиуми тврдат дека тој е првиот избор на мадридскиот клуб.
















