Мурињо ја отвори душата: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, но нагласи дека во овој момент е многу поблизу до останувањето во Лисабон.

Мурињо откри дека неговиот агент Жорж Мендеш веќе разговара со челниците на мадридскиот клуб.

Во овој момент 99 отсто е сигурно дека останувам во Бенфика, бидејќи имам договор и понуда што уште не сум ја разгледал, но агентот ми кажа дека понудата е извонредно добра. Од страна на Реал Мадрид во моментов немам ништо, но, повторувам, никој од нас не е наивен, единствено што сега постои се разговори меѓу Жорж Мендеш и структурата на Реал Мадрид“, рече Мурињо.

Мурињо не ги криеше ниту емоциите кон Бенфика.

Сакам да земам време да анализирам, размислам и сам да одлучам. Бенфика е Бенфика и тоа што го чувствувам кон Бенфика веќе не можам да го скријам. Целата кариера го криев тоа, но сега веќе не можам“, рече Мурињо.