Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија вчера четири пати ја тресеше мрежата на Македонија, а последниот гол го постигна Џамал Мусиала, кој се запиша во историјата на својата репрезентација.
Мусиала на 18 години, седум месеци и 15 дена стана најмладиот стрелец во историјата на Германија на официјалните натпревар.
Германскиот селектор Ханси Флик му беше тренер на Мусиала и во Баерн Минхен, па сега реши да му даде шанса и во репрезентацијата.
Мусиала во минатото го носеше дресот на младите селекции на Англија, но потоа се премисли и го облече дресот на Германија, која доби големо засилување за иднината.