Муслиу се сели во белгиската лига


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Висар Муслиу, член на македонската фудбалска репрезентација, ја започнува следната етапа на својата кариера со преминување во Белгија, каде што потпиша договор со Сент Труден.

По завршувањето на договорот со Падерборн, Муслиу привремено остана без клуб, но брзо се снајде и пронајде нова можност во белгиската прва лига.

Досега во својата кариера, овој македонски дефанзивец играше за некои познати европски клубови. Меѓу нив се Инголштат, Вардар, Ренова и Шкендија. Тој здоби значајно искуство и на домашниот терен и на меѓународната сцена.