Мусовски бил вистински мајстор – постигнал четири гола за 41 минута ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски потврди дека 24-годишниот Даниел Мусовски кој го носи дресот на Лос Анџелес во МЛС лигата прифатил да игра за Македонија.

Мусовски како што изјави Ангеловски уште во ноември против Грузија би можел да и помогне на Македонија во историскиот меч за пласман на Европското првенство. Дефинитивно потребно ни е освежување во нападот, па Мусовски би можел да биде вистински потег на селекторот.

Мусовски е малку познат на макадонската јавност, го познаваат веројатно само оние кои повеќе ја следат американската МЛС лига.

Пред само една недела Мусовски беше избран за МВП на колото во МЛС лигата. Во натпреварот против Сител, Лос Анџелес победи со 3:1, а Мусовски постигна два гола.

Tреба да се спомене и неговиот подвиг за тимот на Рено пред 11 месеци кога постигна четири гола за 41 минута.