МВП наградата од АБА-лигата ќе се нарекува „Дејан Милојевиќ“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


АБА-лигата соопшти дека во иднина наградата МВП ќе го носи името на легендарниот Дејан Милојевиќ.

Српскиот тренер почина по тежок срцев удар, по што АБА-лигата му оддаде почит и реши признанието да го нарече по него.

Милојевиќ беше рекордер во АБА-лигата со три освоени МВП-титули, а исто така и сопственик на неколку индивидуални рекорди.

По крајот на кошаркарската кариера, Милојевиќ остана во спортот и работеше како асистент на Стив Кер во Голден Стејт вориорс.