МВР се огласи по вестите дека ракометар на Бутел е претепан и се бори за живот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хрватските медиуми објавија дека ракометарот на Бутел, Денис Тот бил претепан во ноќен клуб, а сега пристигна соопштение и од Министерството за внатрешни работи (МВР).

МвР ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во  04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Според полицијата немало тепачка и ракометарот бил донесен само во бесознание, а во моментов СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.