Најскапиот играч во историјата на МЛС постигна хет-трик (Видео)


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хеунг-мин (33) постигна три голови за Лос Анџелес во гостинската победа со 1:4 против Реал Солт Лејк. Сон во август, по десет сезони, го напушти Тотенхем и со рекорден трансфер се пресели во Лос Анџелес.

Неговиот нов клуб плати 22,5 милиони евра отштета, со што беше срушен рекордот на МЛС кој го држеше Атланта Јунајтед, откако плати минатото лето околу 19 милиони евра за Емануел Лете од Мидлзбро.

Головите на Сон може да ги погледнете во приложеното видео во 25-та секунда, на 1:13 минута и во 5:47 минута.