Најбараниот напаѓач на Европа го одбра Арсенал и „најтешкиот“ број во Лондон


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Предолго време навивачите на Арсенал се во голема неизвесност во врска со потписот на гол-машината Виктор Ѓокереш, но се чини дека од денеска можат да бидат мирни.

Секогаш добро информираниот новинар на Атлетико, Давид Орнштајн, објави дека Арсенал завршил сè околу пристигнувањето на 27-годишниот напаѓач од Шведска, и дека медицинските прегледи се очекуваат веќе утре.

Формулата е следна – „топчиите“ ќе му исплатат на Sporting 63,500,000 евра веднаш, плус уште 10,000,000 евра во име на бонуси, додека самиот фудбалер ќе го земе легендарниот број 14 кој долго време го носеше Тиери Анри, најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Можеше Ѓекереш да избира ова лето своја следна средина, во еден момент во трката се вмеша и Манчестер Јунајтед надевајќи се дека ќе надвладее соработката со Рубен Аморим, меѓутоа Швеѓанецот од унгарско потекло од самиот почеток посакуваше само во Арсенал со кој ќе потпише петгодишен договор.

Долго време Микел Артета се мачеше со класичен напаѓач, особено по повредата на Габриел Жезус, „деветката“ ја глумеше Каи Хаверц, но јасно е дека на талентираната екипа му беше потребен „убиец“ пред голот.

Во Арсенал веруваат дека тоа е токму Виктор Ѓекереш кој, покрај товарот на скапоценото засилување, носи и можеби уште поголема – број 14 кој не го избрал случајно, откако Жезус не сакаше да ја отстапи својата „деветка“.

Бројот 14 по Анри го носеа Тео Волкот и Пјер-Емерик Обамејан со променлив успех, иако треба да се истакне дека тоа не беа најтрофејните години на клубот од северниот дел на Лондон.

Фотографија: Принтскрин