До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанскиот тренер Луис Енрике размислува за заминување од Париз Сент-Жермен по завршувањето на актуелната сезона, иако со клубот постигна историски успеси. Според пишувањето на германскиот Bild, Енрике не планира да го продолжи договорот што му истекува во јуни затоа што во својата кариера бара нови предизвици, пишува Marca.
Главната причина за неговото можно заминување лежи во желбата за нов професионален искорак. Кога би станал слободен тренер кон крајот на јуни, Енрике би можел да биде исклучително атрактивен кандидат за водечките светски репрезентации кои по Светското првенство ќе бараат селектор за новиот циклус.
Како втора можна причина се наведува благ пад на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, не се на нивото на доминација од минатата сезона. Парижаните моментално се втори во француското првенство, со бод заостанување зад Ланс, додека во Лигата на шампионите се наоѓаат на третото место, зад Арсенал и Бајерн Минхен.
Енрикеов престој во француската престолнина беше исклучително успешен. Во првата своја сезона освои домашно првенство, куп и суперкуп, но круна на неговата работа стигна во сезоната 2024/2025, кога на ПСЖ му донесе прв, историски и долго очекуван наслов на првак во Лигата на шампионите. Со тој успех стана еден од најомилените тренери во историјата на клубот.
















