До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во првото полуфинале на Австралија опен, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да го победи Александер Зверев со 6:4, 7:6(5), 6:7(2) 6:7 (4) и 7:6 по голема драма.
Грчеви и мачнина му создаваа проблеми на Алкараз од третиот сет, со што некако успеа да се избори, а од другата страна имаше противник, Германец кој очигледно имаше ментална блокада кога тоа најмногу требаше, сервираше за пласман во финале во петтиот сет и не успеа да го искористи тоа.
Мечот траеше 5 часа и 27 минути.
Шпанецот во финалето ќе игра против победникот на дуелот Новак Ѓоковиќ – Јаник Синер.
















