Најглупавиот потег во историјата на тенисот, поради тоа познатиот тенисер загуби (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во првото четвртфинале на завршниот турнир на Дејвис купот, Белгија ја изненади Франција и ја совлада со 2-0, откако Рафаел Колинјон и Зизу Бергс ги поразија Корентан Муте и Артур Риндеркнех.

Посебно болен беше поразот на Муте, кој го доби првиот сет со 6:2, а потоа изгуби во наредните два со 7:5. Еден момент од тенисерот кој е познат по својот темперамент и однесување кое често отстапува од очекуваното одлучувачки влијаеше на неговиот пораз и елиминација на Французите.

Имено, во дванаесеттиот гем од вториот сет при резултат 15:15, Муте гради поен, доминира, а потоа на мрежата посака да изведе непотребен удар низ нозе! Претрпе брек во тој гем и на крајот загуби.

По мечот, призна дека тоа што го направи навистина беше глупаво, но залудно. Доцна се сети Корентан Муте, Белгија ќе го чека натпреварот со Италија или Австрија во полуфиналето.