До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Несреќите продолжија да го следат првиот човек на клупата на Реал Мадрид, а сега пред големиот дуел остана без клучниот човек.
Реал Мадрид дозна исклучително лоши вести пред полуфиналето на Суперкупот на Шпанија.
Најголемата ѕвезда на кралскиот клуб, Килијан Мбапе, нема да биде на располагање за дуелот против Атлетико Мадрид.
Францускиот напаѓач не се најде на списокот на патници за Џеда поради повреда на коленото.
Поради истиот проблем, Мбапе веќе го пропушти и неделниот првенствен натпревар против Реал Бетис.
Во тој меч, Реал Мадрид без поголеми проблеми оствари убедлива победа со резултат од 5:1.
Сепак, отсуството на Мбапе претставува многу поголем удар пред дербито против тимот на Диего Симеоне.
Францускиот репрезентативец ќе остане во Мадрид за да го продолжи процесот на опоравок.
















