Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот шампион ПСЖ ја освои Лигата на шампиони минатата сезона и се смета за најдобар тим на светот, но има сериозен проблем поради двојката чии земји одамна се во војна.
Украинецот Иља Забарни за првпат откако му се придружи на ПСЖ на почетокот на август проговори за својот “однос” со рускиот голман Матвеј Сафонов за украинската програма Фудбал 360.
Во интервју за украинската програма Фудбал 360, новиот дефанзивец на ПСЖ Иља Забарни беше прашан за својот соживот со рускиот соиграч.
“Во мојата земја веќе четири години беснее вистинска војна. Русите се агресори кои залудно се обидуваат да ја уништат слободата и независноста на Украина. Војната продолжува, а јас немам никаква врска со Русите”, изјави украинскиот репрезентативец (47 настапи) кој пристигна од Бурнмаут.
“Што се однесува до мојот соиграч, на кого не сакам ни да му го спомнам името, морам професионално да комуницирам со него на тренинзите и ќе ги исполнам своите обврски кон клубот”, продолжи Украинецот, алудирајќи на Сафонов.
Фото: Принтскрин