Најтешкиот ден во животот на ѕвездата на Реал и повикот кој го уништи!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Арда Ѓулер е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, меѓутоа еден повик можеше да му го промени животот. Тој дури призна дека на тој ден ја остави топката, му кажа на клубот дека не сака да игра и многу рано сфати дека фудбалот не е најважната работа во животот.

Ѓулер денес го живее својот сон. Со 20 години е член на најголемиот клуб на светот, а пред пет или шест години неговите родители, татко му Умит и мајка му Серап, едвај врзуваа крај со крај.

На синот му подарија копија од Play Station, во еден момент банкротираа, па Арда им кажуваше на пријателите дека не може да оди на тренинг затоа што е уморен или болен, а вистината е дека немаше пари за членарини.

Кога доби повик од Фенербахче во 2019 година, животот му се промени. Со 13 години ја напушти Анкара и отиде во Истанбул. Мораше. Самиот призна дека тогаш на прво место му беше парите, а фудбалот после тоа.

Подоцна родителите ја продадоа куќата и се преселија кај синот во Истанбул. Огромниот ризик се исплатеше и синот им стана ѕвезда.

Меѓутоа, август 2022 година ќе го памети засекогаш. Тогаш на Арда му јавија дека мајка му има проблеми со срцето и дека мора да оди на операција.

“Никогаш нема да го заборавам повикот што го примив во август 2022 година: ‘Арда… мајка ти има проблеми со срцето. Токму сега имаше итна операција.’ Кога ќе го слушнеш тоа, фудбалот исчезнува од твојот ум.”

“Светот започнува да се врти околу тебе. Чувствуваш топка во стомакот.“

Фото: Принтскрин