Најубавата приказна на Светското првенство: Нико Вилијамс ја трогна планетата (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од хероите на Шпанија во финалето на Светското првенство без сомнеж е Нико Вилијамс, кој асистираше на Феран Торес за победничкиот гол. Тој се најде на теренот во 75. минута и се покажа како “џокер” на Луис де ла Фуенте. По свечената церемонија и славјето на стадионот “Метлајф”, светот го обиколи сцената во која тој е во фокусот. Ја симна златната медаља и ја стави околу вратот на мајка си, Марија, која му беше најголемата поддршка од трибините.

Зад овој прекрасен и емотивен гест се крие благодарноста за сè што неговите родители го издржале за тој да се најде на врвот на светот.

Нико Вилијамс е роден во шпанскиот Билбао, но приказната на овој фудбалер има многу интересна заднина, па затоа неговиот успех од друга перспектива е многу поголем. Неговите родители, Марија и Феликс, потекнуваат од Гана, која ја напуштиле во деведесеттите години во потрага по подобар живот. Мајка му тогаш била во седмиот месец од бременоста со брат му, Ињаки, кој моментно игра за репрезентацијата на Гана.

Родителите на Нико решиле да тргнат на опасен пат и го ризикувале животот за да најдат нова шанса во “туѓа” земја. Патувале денови во преполни камиони кои превезувале бегалци, а морале да ја поминат и пустината Сахара во моменти кога температурите биле екстремно високи. На тој пат демнеле разни опасности, но тие успеале да истраат и да стигнат до територијата на Шпанија.

🥇 Nico Williams му ја даде својата победничка медаља на Светското првенство на својата мајка, Марија Артур.

Не можеше да го скрие своето задоволство. pic.twitter.com/GEbMd46Itl— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) 20 јули 2026