„На 11 години бев уапсен, мојата прабаба беше дел од улична банда, тоа е нашиот живот…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Дејонте Мареј раскажа за „Спортс Илустрејтед“ како живеел во минатото и може да се заклучи дека имал суров живот на југот на Сиетл.

Мареј има 24 години, а во НБА-лигата е од 2016 година, кога пристигна во Сан Антонио како број 29 на драфтот.

Играчот сега го носи дресот на Сан Антонио и игра како плејмејкер, па тој ретко шутира и главна задача му е да им асистира на неговите соиграчи и има просек од 15,9 поени, седум скокови и 5,4 асистенции.

„Тоа е приказна која не сум ја раскажал затоа што бев на улица. Навистина. Нема со што да се пофалам. Тоа е сра*е. Лудо е наутро да се разбудиш и да знаеш дека играш во НБА. Како да сте во видео-игра“, вели Мареј.

„Морав да минам низ неверојатни работи во младоста. Во моментов размислувам да напишам книга и да ја раскажам својата приказна за да ги мотивира другите луѓе. Досега не зборував за себе затоа што ме болеше тоа“, објаснува кошаркарот.

„Уапсен бев на само 11 години. Не се плашев од затвор, а мојата мајка беше во затвор, татко ми често исчезнуваше и престојуваше во затвор. Дури и прабаба ми беше таму. Ја слушнав приказната дека била дел од улична банда. Тоа се пренесувало од колено на колено“, кажа Мареј.

Денес тоа е минато, а во теретана често оди за да ги заборави старите слики и грозните мисли.

„Сакам тоа да остане таму позади, посветен сум на кошарката, ова е сега мојот живот. Но, луѓето мора да знаат дека никогаш мојот живот не беше одличен“, вели тој.