Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси во претходниот период е во центар на внимание на шпанските медиуми по караницата со Ерик Абидал. Аргентинецот застана во одбрана на себе и соиграчите, па го обвини спортскиот директор дека кажува лаги.
Аргентинските медиуми од друга страна објавија дека Меси би можел да ја продолжи кариерата во САД и тоа во дресот на Лос Анџелес Галакси, иако такво нешто е малку веројатно.
„ЕСПН“ објави дека тренерот на Галакси,Гилјермо Барош Шелото веќе го контактирал Хорхе Меси и се распрашувал за можноста Лионел да го облече нивниот дрес.
Меси има договор со Барселона и клаузула во него да замине ако сака такво нешто, па наскоро полни 33 години и останува да видиме што ќе одлучи.