Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти нема уште долго да остане тренер на Реал Мадрид без разлика на резултатите кои ќе бидат постигнати до крајот на сезоната.
Каталонски „Спорт“ објави дека претседателот на клубот, Флорентино Перез не е задоволен од начинот на игра на тимот и не сака да гледа таков фудбал.
Перез бил лут по поразот на „кралевите“ во Париз, каде што ПСЖ доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со голот на Килијан Мбапе.
Искусниот стратег има договор на уште две сезони, меѓутоа Перез наводно веќе се договорил со предводникот на ПСЖ, Маурицио Покетино.
Перез сакаше да потпише претходно со Јирген Клоп од Ливерпул, но Германецот нема намера да го напушти премиерлигашот.