На Арсенал му се заканува распад: Четири ѕвезди сакаат да си одат поради несериознитепотези на клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британскиот „Индипендент“ јавува дека во Арсенал воопшто не цутат рози, а голем број од фудбалерите не се задоволни со потезите кои ги повлекува управата.

Медиумот меѓу играчите кои не се задоволни го вметна и ПјерЕмерик Обамејанг, најдобриот фудбалер на Арсенал изминативе неколку години.

По смената на тренерот играта на Арсенал само се влоши, а сега се очекува Микел Артета да го преземе жешкото столче.

Тој ќе се соочи со големи проблеми затоа што Обамејанг, Месут Озил, Александре Лаказет и Гранит Џака побарале да си одат од клубот, ако е во можност и на зима, а ко не со сигурност во летниот преоден рок.