На Барселона ѝ „пукна филмот“: Дембеле има рок до 30 јануари да замине!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез во средата предупреди, а денеска пристигна потврда од страна на Барселона дека Осман Дембеле ќе го напушти каталонскиот гигант и ќе си ја бара среќата на друго место.

Дембеле нема да биде во составот за натпреварот против Атлетик Билбао, па така Французинот нема повеќе да настапува за Барселона, а тоа го потврди и директорот Матеу Алемани.

„Преговорите ги почнавме во јули со неговите менаџери. Во текот на овие шест, седум месеци преговаравме, а Барселона му даде неколку предлози за да се најде решение. Понудите беа одбиени од неговиот менаџер, па така може јасно да заклучиме дека фудбалерот не сака да остане во тимот. Го информиравме неговиот менаџер дека Дембеле мора веднаш да го напушти клубот затоа што не сакаме такви играчи во екипата. Се надеваме дека трансферот ќе биде реализиран до 30 јануари“, кажа Алемани.