На Барселона ѝ кажа „да“, но утре ќе слета во Мадрид и ќе потпише за Реал!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Арда Гулер во последен момент се премисли и ја откачи Барселона за да потпише за шпанскиот шампион Реал Мадрид.

Во текот на денот имаше различни информации за иднината на турскиот талент, а Гулер најпрво ѝ кажа „да“ на Барселона, но потоа се случи пресврт и во следните часови ќе потпише за „кралевите“.

Реал Мадрид ќе плати над 20 милиони евра за Гулер, а исто така Фенербахче ќе добие и 20 отсто од неговата следна продажба.

Гулер добил ветување и дека ќе биде дел од екипата на Карло Анчелоти ова лето, во претсезоната, по што ќе биде решено дали ќе оди на позајмица.