Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што можеше да се претпостави и пред денешниот состанок, финалниот турнир на оваа годинашна Евролига ќе се одржи во Абу Даби, епилог од гласањето во кое главниот град на Обединетите Арапски Емирати однесе голема победа над Белград.
Тоа што можеше да се претпостави во веста што беше објавена во саботата, доби потврда, па така белградската публика ќе биде лишена од можноста по трет пат во седум години да ужива во завршниот турнир на најквалитетната европска кошарка.
Како што пренесуваат одредени кошаркарски портали, против одлуката Абу Даби да биде домаќин на завршниот турнир гласаа само Реал Мадрид и Олимпијакос, финалистите на Евролигата за сезоната 2022/23.
Завршниот турнир на елитното кошаркарско натпреварување се игра од 23 до 25 мај следната година.